ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Фондацијата Институт отворено општество Македонија-ФИООМ, Македонското здружение на млади правници и Младинскиот образовен форум, денеска одржаа заедничка прес конференција посветена на 28 септември- Меѓународниот ден за слободен пристап до информации, чие што одбележување насекаде во светот се одвива под мотото „Имам право да знам“. […]


