СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ОД СКОПСКИ УЧИЛИШТА ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОД ФАКУЛТЕТИ НА ОБУКА ВО КОМИСИЈАТА
Деветнаесет службени лица задолжени за посредување со информации од јавен карактер од повеќе скопски училишта за средно образование и од факултети, беа посетители на денешната обука на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Обуката се одржа во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер, а ја реализираа стручните лица од Секретаријатот на Комисијата Цветан Станоески и Макфирете Морина. […]


