ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЦРНА ГОРА
Делегација на Агенцијата за заштита на личните податоци и за слободен пристап до информации на Црна Гора, составена од членот на советот на Агенцијата, Раденко Лацмановиќ и раководителот на оддел и шеф на регистерот на Агенцијата, Ненад Дурковиќ, денеска остварија работна посета на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Република Македонија. Притоа, претседателот на Комисијата Пеце Ташевски и членот на советот на Агенцијата, Раденко Лацмановиќ, потпишаа Меморандум за осработка меѓу двете сродни институции. […]


