Во скопскиот хотел “Холидеј ин“ на 2 јули 2008 година во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се одржа еднодневна Работилница за искуствата од досегашната примена на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Претседателот на Комисијата Јанко Николовски пред 50–тина присутни учесници во својство на службени лица од различни институции од Република Македонија, изрази посебна благодарност до амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Andrew Key, со чија поддршка се одржа и Работилницата, како дел од обемниот проект „Техничка помош и подигнување на свеста за поддршка на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ и до министерот за правда на Република Македонија Михајло Маневски, во чиј мандат почна примената на Законот за СПИЈК. |


