Македонска делегација составена од раководни државни службеници меѓу кои и од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, односно нејзината Стручна служба, од 6 до 8 мај 2008 година оствари студиска посета на Република Австрија. Посетата беше реализирана на покана на австриската Влада, а имаше за цел натамошно стручно усовршување на државните службеници или функционери кои работат на проблематиката поврзана со Е- Влада. |


