Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Јанко Николовски, ќе учествува во работата на Третата европска конференција на комесарите за слободен пристап, што на 29 септември 2008 година ќе се одржи на Брдо кај Крањ, Република Словенија.
Овој значаен меѓународен настан чиј домаќин е комесарот за слободен пристап на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, се очекува да го отвори словенечкиот претседател,Данило Тирк.
На конференцијата ќе биде разгледана Конвенцијата за пристап до официјални документи, подготвувана во Советот на Европа.
Посебна сесија е предвидена за презентациите на учесниците на конференцијата, кои ќе дадат преглед и ревизија на случувањата од сферата на слободниот пристап во земјите од кои доаѓаат.
Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Јанко Николовски, во своето излагање ќе се осврне на темата “Елиминација на пречките, ограничување на исклучоците,улогата на невладиниот сектор и потребата од обуки и едукација“.


