Согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (ЧЛЕН 37) имате законска обврска до 31 ЈАНУАРИ 2008 ГОДИНА да подготвите Годишен извештај (за изминатата календарска 2007 година) и истиот да го доставите до Комисијата.
Вашите извештаи ќе бидат составен дел на Годишниот извештај за спроведување на овој Закон, кој Комисијата го изготвува и доставува до Собранието на Република Македонија.
Таксативно набележаните законски обврски во ЧЛЕН 37 СТАВ 1 И 2 значат и Ваша обврска на истите да одговорите прецизно, непрескокнувајќи ниту едно прашање.
Непочитувањето на оваа обврска – подготвување на годишен извештај предвидува парична казна за одговорното лице (ЧЛЕН 45) која Комисијата ќе ја реализира преку поведување на прекршочна постапка.
Напоменуваме дека содржинскиот терк на Извештајот го има на веб страната на Комисијата (www.sinf.gov.mk), а истиот ќе Ви биде доставен и по пошта.
За сите дополнителни прашања околу Извештајот, неговата подготовка, карактеристики кои произлегуваат од Вашата работа и слично, како и секогаш кога станува збор за примена на Законот, Ве молиме обратете се до Комисијата.


