This Is A Custom Widget

This Sliding Bar can be switched on or off in theme options, and can take any widget you throw at it or even fill it with your custom HTML Code. Its perfect for grabbing the attention of your viewers. Choose between 1, 2, 3 or 4 columns, set the background color, widget divider color, activate transparency, a top border or fully disable it on desktop and mobile.

This Is A Custom Widget

This Sliding Bar can be switched on or off in theme options, and can take any widget you throw at it or even fill it with your custom HTML Code. Its perfect for grabbing the attention of your viewers. Choose between 1, 2, 3 or 4 columns, set the background color, widget divider color, activate transparency, a top border or fully disable it on desktop and mobile.

Новости

/Новости

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

06.10.2006|

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на пооделни случаи на непочитување на Законот за слободен пристап до информации од страна на некои иматели на информации. Комисијата располага со усмени сознанија според кои, одделни иматели бараат енормни суми за надомест на трошоците за посредување на информации и незаконски и неовластено наплатуваат дури и административни такси. […]

Комисијата инсистира на доследно почитување на Законот за слободен пристап до информации

29.09.2006|

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на овој начин уште еднаш потсетува на обврската на имателите на информации да определат едно или повеќе службени лица кои ќе посредуваат при остварувањето на правото за слободен пристап до информациите кои ги поседуваат, а се од јавен карактер (член 8, став 1-4) од ЗСПИЈК. Според член 9 од истиот Закон, имателите на информациите се должни да објават и листа на информациите кои ги поседуваат и со кои располагаат. […]

НИКОЛОВСКИ:”МОЌНИ АЛАТКИ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНО ЗАТВОРЕНИТЕ ФИОКИ”

28.09.2006|

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и невладините организации во Република Македонија кои работат на оваа проблематика, дадоа активен придонес во одбележувањето на 28 септември- Меѓународниот ден за слободен пристап до информации “ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ”. […]

ПРОМОЦИЈА НА ВОДИЧ ЗА СЛУЖБЕНИЦИ И ВОДИЧ ЗА БАРАТЕЛИ

27.09.2006|

На 28 септември 2006 година (четврток), Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и З.Г. ПРО МЕДИА ќе промовираат: Водич за службеници и Водич за баратели. […]

28 септември – Меѓународен ден за слободен пристап до информации “Имам право да знам”

19.09.2006|

На 28 септември 2002 година претставници на невладини организации од целиот свет, меѓу кои и од Македонија, лобисти и бранители на идејата за слобода во информирањето, на состанок во Софија, Бугарија, формираа Мрежа на бранители на слободата во информирањето. На оваа средба присутните се договорија да соработуваат во промоција на правото на пристап до информации и транспарентно управување. […]

Работилница за обука на Комисијата за слободен пристап до информации

01.09.2006|

Од 28-31.08.2006 година во хотелот “Континентал“ во Скопје се одржа обука за членовите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и на нејзината Стручната служба. Тренинг програмата се реализирашe со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а ја изведоа Весна Гогова и Климе Бабунски, експерти од невладината ПРО МЕДИА и Вилијам Фероџаро, самостоен истражувач во областа на слободниот пристап до информациите од Вашингтон. […]

Kвалитетната едукација- еден од приоритетите на Комисијата за пристап до информациитe

10.07.2006|

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 7 јули во Клубот на пратеници во Скопје, одржа проширен состанок. Покрај членовите на Комисијата, на состанокот присуствуваа претставници на невладини организации од областа на медиумите и информирањето, како и претставници на меѓународните организации и институции со седиште во Република Македонија. […]

ОДЛУКА ЗА ФОРМИРАЊЕ КОМИСИЈА ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ

16.05.2006|

Врз основа на член 31 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија” број 13/2006) Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 28 април 2006 година, донесе О Д Л У К А за именување на претседател, заменик на претседателот и членови на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. […]