MЕЃУНАРОДEН ДЕН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ
На 28 септември 2010 година по осми пат во светот ќе биде одбележан меѓународниот ден за слободен пристап до информации „ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ”. Во Македонија која е една од 80-тината земји во светот што имаат Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап по четврти пат го одбележува фундаменталното право на слободен пристап до информации од јавен карактер. […]


