ДОНЕСЕНИ 1 РЕШЕНИЕ И 6 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 171 седница одржана на 2 мај 2017 година, донесе 1 решение и 6 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Авто мото сојуз на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 мај 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Авто мото сојуз на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку лица биле редовно вработени на неопределено време во друштвото во периодот од 2006 до 2016 година, а колку лица во наведениот десетгодишен период биле ангажирани хонорарно, со договор на дело, или, пак, преку агенциите за привремени вработувања?“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Авто мото сојуз на Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-198 на 07.04.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Авто мото сојуз на Македонија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Авто мото сојуз на Македонија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 24.02.2017 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Авто мото сојузот на Македонија-Скопје, со кое ја побарал следната информација:
„Колку лица биле редовно вработени на неопределено време во друштвото во периодот од 2006 до 2016 година, а колку лица во наведениот десетгодишен период биле ангажирани хонорарно, со договор на дело, или, пак, преку агенциите за привремени вработувања?“.
На 20.03.2017 година, Авто мото сојузот на Македонија-Скопје, како што е наведено во Жалбата, доставил Известување до барателот во кое било наведено дека „бараните податоци се преобемни и генерираат непланирани трошоци за друштвото“ поради што им било потребно дополнително време за одговор.
Авто мото сојузот на Македонија-Скопје и покрај тоа не одговорил во законски предвидениот рок од 30 дена, односно 40 дена, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-198 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Авто мото сојузот на Македонија-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Авто мото сојузот на Македонија-Скопје не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Авто мото сојузот на Македонија-Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 мај 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали вработените од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) посетиле некоја обука или други форми на специјализација во текот на 2016 година, доколку да кои се тие?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-203 на 07.04.2017 година, изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, на 01.02.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за електронски комуникации, заведено под бр. 0201, со кое ја побарал следната информација:
„Дали вработените од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) посетиле некоја обука или други форми на специјализација во текот на 2016 година, доколку да кои се тие?“.
Агенцијата за електронски комуникации, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-203 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за електронски комуникации и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.04.2017 година Агенцијата за електронски комуникации до Комисијата достави Одговор по жалба бр.0201-473/14 од 19.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-203. Одговорот по жалба содржи одговор на Барањето од 01.02.2017 година од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесено преку Г.Л., вработен во Центарот.
Комисијата, наведениот одговор, веднаш го достави до барателот на информацијата.
На 28.04.2017 година ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, преку Г.Л., вработен во Центарот, по е-маил ја извести Комисијата дека од Агенцијата за електронски комуникации добиле одговор по бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за електронски комуникации постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 мај 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е бројот на вработени во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на 01.01.2017 година?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-206 на 07.04.2017 година, изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, на 01.02.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за електронски комуникации, заведено под бр. 0201, со кое ја побарал следната информација:
„Колкав е бројот на вработени во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на 01.01.2017 година?“.
Агенцијата за електронски комуникации, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-206 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за електронски комуникации и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.04.2017 година Агенцијата за електронски комуникации до Комисијата достави Одговор по жалба бр.0201-473/12 од 19.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-206. Одговорот по жалба содржи одговор на Барањето од 01.02.2017 година од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесено преку Г.Л., вработен во Центарот.
Комисијата, наведениот одговор, веднаш го достави до барателот на информацијата.
На 28.04.2017 година ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, преку Г.Л., вработен во Центарот, по е-маил ја извести Комисијата дека од Агенцијата за електронски комуникации добиле одговор по бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за електронски комуникации постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 мај 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкава била бруто платата на директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во 2016 година?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-207 на 07.04.2017 година, изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, на 01.02.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за електронски комуникации, заведено под бр. 0201, со кое ја побарал следната информација:
„Колкава била бруто платата на директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во 2016 година?“.
Агенцијата за електронски комуникации, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-207 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за електронски комуникации и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.04.2017 година Агенцијата за електронски комуникации до Комисијата достави Одговор по жалба бр.0201-473/13 од 19.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-207. Одговорот по жалба содржи одговор на Барањето од 01.02.2017 година од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесено преку Горан Лазаров, вработен во Центарот.
Комисијата, наведениот одговор, веднаш го достави до барателот на информацијата.
На 28.04.2017 година ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, преку Г.Л., вработен во Центарот, по е-маил ја извести Комисијата дека од Агенцијата за електронски комуникации добиле одговор по бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за електронски комуникации постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 мај 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Би сакал да ве замолам да ми го испратите Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), доколку постои таков документ?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-202 на 07.04.2017 година, изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии на 01.02.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за електронски комуникации, заведено под бр. 0201, со кое ја побарал следната информација:
„Би сакал да ве замолам да ми го испратите Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), доколку постои таков документ?“.
Агенцијата за електронски комуникации, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-202 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за електронски комуникации и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.04.2017 година Агенцијата за електронски комуникации до Комисијата достави Одговор по жалба бр.0201-473/10 од 19.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-202. Одговорот по жалба содржи одговор на Барањето од 01.02.2017 година од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесено преку Г.Л., вработен во Центарот.
Комисијата, наведениот одговор веднаш го достави до барателот на информацијата.
На 28.04.2017 година ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, преку Г.Л., вработен во Центарот, по е-маил ја извести Комисијата дека од Агенцијата за електронски комуникации добиле одговор по бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за електронски комуникации постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 мај 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкави биле месечните надоместоци за членовите на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во текот на 2016 година?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-205 на 07.04.2017 година, изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, на 01.02.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за електронски комуникации, заведено под бр. 0201, со кое ја побарал следната информација:
„Колкави биле месечните надоместоци за членовите на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во текот на 2016 година?“.
Агенцијата за електронски комуникации, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-205 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за електронски комуникации и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.04.2017 година Агенцијата за електронски комуникации до Комисијата достави Одговор на жалба бр.0201-473/15 од 19.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-205. Одговорот на жалба содржи одговор на Барањето од 01.02.2017 година од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесено преку Г.Л., вработен во Центарот.
Комисијата, наведениот одговор веднаш го достави до барателот на информацијата.
На 28.04.2017 година ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, преку Г.Л., вработен во Центарот, по е-маил ја извести Комисијата дека од Агенцијата за електронски комуникации добиле одговор по бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за електронски комуникации постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 02 мај 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкави биле бруто платите на раководителите на сектори во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во текот на 2016 година?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-204 на 07.04.2017 година, изјавена од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесена преку Г.Л., вработен во Центарот, против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии на 01.02.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за електронски комуникации, заведено под бр. 0201, со кое ја побарал следната информација:
„Колкави биле бруто платите на раководителите на сектори во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во текот на 2016 година?“.
Агенцијата за електронски комуникации, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-204 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за електронски комуникации и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.04.2017 година Агенцијата за електронски комуникации до Комисијата достави Одговор по жалба бр.0201-473/11 од 19.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-204. Одговорот по жалба содржи одговор на Барањето од 01.02.2017 година од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, поднесено преку Г.Л., вработен во Центарот.