ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 170-та седница, одржана на 25 април 2017 година, донесе 12 решенија и 1 заклучок.

***********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против АД Водостопанство на РМ во државна сопственост – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против АД Водостопанство на РМ во државна сопственост – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку лица биле редовно вработени на неопределено време во друштвото заклучно со 2016 година, а колку лица во наведениот десетгодишен период биле ангажирани хонорарно, со договор на дело, или, пак, преку агенциите за привремени вработувања?“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА АД Водостопанство на РМ во државна сопственост – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-199 на 07.04.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против АД Водостопанство на РМ во државна сопственост – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ АД Водостопанство на РМ во државна сопственост – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 24.02.2017 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до АД Водостопанство на Р.М. во државна сопственост – Скопје, со кое ја побарал следната информација:
„Колку лица биле редовно вработени на неопределено време во друштвото заклучно со 2016 година, а колку лица во наведениот десетгодишен период биле ангажирани хонорарно, со договор на дело, или, пак, преку агенциите за привремени вработувања?“.
АД Водостопанство на РМ во државна сопственост – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-199 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до АД Водостопанство на РМ во државна сопственост – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
АД Водостопанство на РМ во државна сопственост – Скопје не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека АД Водостопанство на РМ во државна сопственост – Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Со Одобрение за градење УП бр. 35-1106 од 21.02.2011 год., издадено од Општина Карпош, на инвеститорот Влада на РМ (Министерство за економија) му се одобрува изградба на комплекс „Македонско село“ – Музеј на отворено од IV категорија. Ве молам да ми доставите по една фотокопија од следниве пет документи кои во горенаведеното Одобрение за градење (УП бр. 35-1106 од 21.02.2011 год) се спомнуваат како основа за издавањето на тоа Одобрение, а кои документи биле приложени со Барањето на инвеститорот (во Општина Карпош заведено под бр.34-1106 од 28.12.2010 год.) или биле прибавени од самата Општина Карпош:
– Решение за локациски услови бр.34-550 од 20.08.2010 г. издадено од Општина Карпош.
– Доказ за сопственост – Имотен лист бр.3051 од 20.08.2010 год.
– Пописен лист со незапишани права бр.2053 од 20.08.2010 год.
– Извадок од Нацрт-записникот од Сто триесет и седмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 02.02.2010 година.
Решение за одобрување на Елаборатот за заштита на животната средина со бр.11-1546/2 од 18.02.2011 год. издадено од Општина Карпош“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-208 на 11.04.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје на 28.03.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, заведено во Општината под бр. 12-2494/1, со кое ги побарал следните информации:
„Со Одобрение за градење УП бр. 35-1106 од 21.02.2011 год., издадено од Општина Карпош, на инвеститорот Влада на РМ (Министерство за економија) му се одобрува изградба на комплекс „Македонско село“ – Музеј на отворено од IV категорија. Ве молам да ми доставите по една фотокопија од следниве пет документи кои во горенаведеното Одобрение за градење (УП бр. 35-1106 од 21.02.2011 год) се спомнуваат како основа за издавањето на тоа Одобрение, а кои документи биле приложени со Барањето на инвеститорот (во Општина Карпош заведено под бр.34-1106 од 28.12.2010 год.) или биле прибавени од самата Општина Карпош:
– Решение за локациски услови бр.34-550 од 20.08.2010 г. издадено од Општина Карпош.
– Доказ за сопственост – Имотен лист бр.3051 од 20.08.2010 год.
– Пописен лист со незапишани права бр.2053 од 20.08.2010 год.
– Извадок од Нацрт-записникот од Сто триесет и седмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 02.02.2010 година.
– Решение за одобрување на Елаборатот за заштита на животната средина со бр.11-1546/2 од 18.02.2011 год. издадено од Општина Карпош“.
На 07.04.2017 година, Општина Карпош до барателот на информациите доставила Одговор на барање бр.12-2494/2.
Незадоволен од добиениот нецелосен одговор од Општина Карпош, П.Б. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-208 од 12.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 21.04.2017 година Општина Карпош до Комисијата достави Известување бр.12-2494/4 од 19.04.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-208. Во Известувањето е наведено: „Во прилог на ова Известување Ви ја доставуваме комплетната документација со која располага Општина Карпош, а која е доставена до незадоволната странка, со забелешка дека нејзиното барање за извадок од Нацрт-записникот од сто триесет и седмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 02.02.2010 година може единствено да го побара во Владата на РМ“. Во прилог на Известувањето, до Комисијата се доставени фотокопии од одговори на првите три барања наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер, кое П.Б. од Скопје на 28.03.2017 година го поднел до Општина Карпош.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општина Карпош не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Општина Карпош била должна да постапи согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот на информации да му обезбеди целосен пристап до бараните информации, на начин и во форма наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Доколку Општина Карпош не располагала со дел од бараните информации, а знае кој друг имател на информации ги создал, или располага со такви информации, должна била да постапи согласно член 18 од погоренаведениот Закон и веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на Барањето, да го препрати Барањето до имателот на информации кој според содржината на Барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
Доколку, пак, Општина Карпош, согласно своите законски надлежности, не ги создала, или не располага со дел од бараните информации, а не знае кој друг имател на информации располага со истите, била должна да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој Закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Општина Карпош е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку средства Министерството за финансии исплатило кон поранешни и сегашни вработени во Министерството, кои во периодот од 2006 година заклучно со 2016 година биле отпуштени од работа или прераспределени на пониски позиции, по што Судот оценил дека тоа било спротивно на Законот за работни односи, како и на правилниците што го регулираат вработувањето и прераспределувањето во овој ресор, па врз основа на тоа одредил и парично обештетување?“ СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-1578/2 од 03.04.2017 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр. 08-201 од 07.04.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје, на 06.03.2017 година до Министерството за финансии по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Министерството под бр. 03-1578/1 на 07.03.2017 година, со кое побарал по е-маил да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колку средства Министерството за финансии исплатило кон поранешни и сегашни вработени во Министерството, кои во периодот од 2006 година заклучно со 2016 година биле отпуштени од работа или прераспределени на пониски позиции, по што Судот оценил дека тоа било спротивно на Законот за работни односи, како и на правилниците што го регулираат вработувањето и прераспределувањето во овој ресор, па врз основа на тоа одредил и парично обештетување?“.
На 03.04.2017 година, Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, го известило барателот дека ја прекинува постапката по Барањето, „со образложение дека Министерството не водело евиденција и не изготвило регистар за бараните податоци“.
Незадоволен од наведениот одговор од Министерството за финансии, В.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-201 од 10.04.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии на 13.04.2017 година до Комисијата достави Допис “Одговор на жалба“ со бр.03-2185/2, заведен во Комисијата под бр.08-201, во кој наведува: „…Министерството за финансии при постапување со барањето изврши проверка во документите со кои располага и утврди дека не располага со бараните податоци, од причина што Министерството за финансии нема законска обврска да води регистар или евиденција на податоците кои сега жалителот ги бара од министерството…“.
Во прилог на наведениот Допис доставен е и Заклучокот бр.03-1578/2 од 03.04.2017 година, кој видно од доставницата е примен од В.С. на 06.04.2017 година, како и видно од испечатен меил со кој Заклучокот за прекинување на постапката на В.С. на 03.04.2017 година во 15,04 минути му е доставен на неговата меил адреса.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилен и врз закон заснован Заклучок, со кој ја прекинува постапката по Барањето, повикувајќи се на член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Ѓ. од Скопје, поднесена против Основен суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.Ѓ. од Скопје, поднесена против Основен суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Јас Ѓ.З. доверител во Трговското радиодифузно друштво А1 телевизија во стечај со адреса на живеење во Скопје, по ново ул. Христо Ботанџиев бр.34/17, моб.тел-…, сходно актите на Основниот Суд Скопје 2 03-су.бр.1383/2016 од 19.12.2016 год., Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за стечај, барам да извршам увид, препис, фотокопија или електронски запис во стечајното досие кое се води во судот. Напоменувам дека ова е мој втор обид како доверител, како се обидувам да ги заштитам своите права во А1 во стечај“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основниот суд Скопје 2 Скопје на барателот да му овозможи увид, препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-181 на 24.03.2017 година, изјавена од З.Ѓ. од Скопје, поднесена против Основен суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Основниот суд Скопје 2 Скопје на барателот да му овозможи увид, препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, З.Ѓ. од Скопје на 03.02.2017 година, до Основен суд Скопје 2 Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал увид, препис, фотокопија или електронски запис од следната информација:
„Јас Ѓ.З. доверител во Трговското радиодифузно друштво А1 телевизија во стечај со адреса на живеење во Скопје, по ново ул. Христо Ботанџиев бр.34/17, моб.тел…, сходно актите на Основниот Суд Скопје 2 03-су.бр.1383/2016 од 19.12.2016 год., Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за стечај, барам да извршам увид, препис, фотокопија или електронски запис во стечајното досие кое се води во судот. Напоменувам дека ова е мој втор обид како доверител, како се обидувам да ги заштитам своите права во А1 во стечај“.
Основниот суд Скопје 2 Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата
Комисијата, со допис бр.08-181 од 24.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Скопје 2 Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.04.2017 година, Основниот суд Скопје 2 Скопје по е-маил до Комисијата достави Одговор на жалба 03- Су.бр.448/17 од 27.03.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-181 и истиот беше доставен по пошта на 11.04.2017 година, во кој се наведува: „…Бидејќи судечкиот судија од 27.03.2017 година до 03.04.2017 година е на службен пат, а со оглед да жалбата е примена во судот на 27.03.2017 година, од технички причини не сме во можност да дадеме одговор на жалба со фактичка состојба во предметот и доставеното барање…“. Истовремено ја известуваат Комисијата дека судијата кој постапува по предметот за кој се бара увид од 03.04.2017 година е на боледување.
На 10.04.2017 година, Основниот суд Скопје 2 Скопје по е-маил до Комисијата достави Дополнение на одговор на жалба 03-Су.бр.448/17-1 од 27.03.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-181 и истото беше доставено по пошта на 19.04.2017 година, во кое се наведува: „…Во конкретниот случај, а земајќи ја во предвид содржината на поднесеното барање од страна на Барателот, насловеноста на истото до стечајниот судија, како и законската регулатива погорецитирана со која е предвидено дека увид, разгледување и препис на списи на предмет кој е во работа дава претседателот на советот или судијата поединец, судечкиот судија кај кого предметот е распореден за да тој постапува по истиот позитивно одговорил на барањето на Барателот со резолуција. Видно од резолуција ставена на поднесеното барање на судечкиот судија, неспорно произлегува дека на поднесеното барање од страна на Барателот судот позитивно одговорил, со што на истиот му одобрил увид во конретниот предмет. Со дозволата за увид е запознаена и судската служба во Одделот за стечај, меѓутоа, Барателот не постапил согласно Закон, не се појавил во судот и не се интересирал за доставеното барање кое со Известувањето 03.Су.бр1383/16 од 19.12.2016 година, му е укажано дека е потребно да се достави согласно одредбите од ЗПП. Оттука, произлегува дека судот му овозможил на Барателот да го оствари своето право за добивање на бараната информација, односно на истото позитивно одговорил, меѓутоа, Барателот ваквото свое право не го остварил…“.
Во прилог на е-маилот достави Известување 03-Су.бр.510/2017 од 10.04.2017 година, со кое го известуваат барателот дека му е одобрен увид, кој може да го изврши во просториите на судот на 13.04.2017 година. Судот не достави доказ кога барателот го примил наведеното Известување.
Во телефонски разговор со барателот, Комисијата беше информирана дека барателот наведеното Известување го добил на 19.04.2017 година, односно 6 дена по закажаниот увид.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Скопје 2 Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот не му овозможил увид согласно член 24 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од З.Л. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од З.Л. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали ме следувала полициска униформа по Решението со бр.16.10-68772/1 од 26.09.2008 година.?“ СЕ ОДБИВААТ.
Решението на Министерството за внатрешни работи рег.бр.16.1.2-489/1 од 05.04.2017 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата бр. 08-178 од 22.03.2017 година и бр.08-178 од 18.04.2017 година, изјавени од З.Л. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ги ОДБИ како неосновани и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
Како што се наведува во Жалбата, З.Л. од Скопје до Министерството за внатрешни работи на 17.02.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Министерството под бр.08-10517 и бр.22-10518 на 17.02.2017 година, со кое побарала по пошта да и се достави Решение со одговор на поставеното Барање:
„Дали ме следувала полициска униформа по Решението со бр.16.10-68772/1 од 26.09.2008 година.?“
Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-178 од 24.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.04.2017 година Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави допис насловен „Достава на списи во врска со Жалба“ бр.16.1.2-491/1 од 05.04.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-178. Во дописот е наведено: “…Ве известуваме дека бараната информација односно податоците за униформираноста на работните места се содржани во актот за систаматизација на работни места во МВР кој е од строго доверлив карактер. Исто така Ве известуваме дека денеска 05.04.2017 година изготвено е Решение за одбивање на пристап до бараната информација кое ќе биде доставено до Жалителот З.Л.“. Во прилог на наведениот допис до Комисијата го достави Решението за одбивање на пристап до бараната информација рег.бр.16.1.2-489/1 од 05.04.2017 година со кое го одбило пристапот до бараната информација и сите списи во врска со предметот. Во Решението е наведено: „…Министерството за внатрешни работи, Одделот за односи со јавност и стратешки прашања постапувајќи по одговорот добиен од страна на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси утврди дека бараната информација претставува исклучок од информациите од јавен карактер и согласно член 6 став 1 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на РМ бр.13/06, 86/08, 6/10, 42/14, 148/15, 55/16) бараната информација врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност чие давање би имало штетни последици. Министерството за внатрешни работи, Одделот за односи со јавност и стратешко планирање при донесување на ова Решение со кое го одбива пристапот до информацијата го спроведе задолжителниот “тест на штетност“ утврдувајќи дека со давањето на бараната информација ќе настане значителна штета во работењето на Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност“.
Во прилог на наведениот допис до Комисијата е доставен доказ – фотокопија од Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за внатрешни работи од 12.09.2008 година, со назнака „строго доверливо“, потпишана од министерот за внатрешни работи.
Незадоволна од одговорот на Министерството за внатрешни работи, З.Л. од Скопје на 18.04.2017 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-178, поради несоодветен одговор со бр.16.1.2-489/1 од 05.04.2017 година. Во прилог на Жалбата достави фотокопија од Решение за одбивање на пристап до бараната информација рег.бр.16.1.2-489/1 од 05.04.2017 година и фотокопија од Жалба бр.08-178 од 22.03.2017 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучокот од слободниот пристап до информации наведен во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот Тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против ЈП “Паркови и зеленило“- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против ЈП “Паркови и зеленило“- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Доставете ми копија од вашата пријава бр.03-2616/2 од 30.12.2016 година до Полициската станица Карпош;
2.Опишете што има преземено ЈП “Паркови и зеленило“ по предметот 03-2616 од 2016 г. по добивањето на дописот бр.28.7.1.7-439 од 08.02.2017 од МВР -Полициска станица Карпош? Во архивата на ЈП “Паркови и зеленило“ тој допис се води под бр.03-229/1 од 15.02.2017;
3.Дали ЈП “Паркови и зеленило“ некогаш го известило Град Скопје (или некоја друга надлежна институција) за своите проблеми во спроведувањето на заштитата на Парк-шума Водно и од потребата тука нешто да се промени? Доколку да, доставете ми копија од последните 3 такви обраќања (сеедно дали до Град Скопје или до друга институција)“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП “Паркови и зеленило“- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација наведена во точка 3 од Барањето, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-188 на 30.03.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против ЈП “Паркови и зеленило“- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈП “Паркови и зеленило“- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација наведена во точка 3 од Барањето “3.Дали ЈП “Паркови и зеленило“ некогаш го известило Град Скопје (или некоја друга надлежна институција) за своите проблеми во спроведувањето на заштитата на Парк-шума Водно и од потребата тука нешто да се промени? Доколку да, доставете ми копија од последните 3 такви обраќања (сеедно дали до Град Скопје или до друга институција)“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје на 26.02.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП “Паркови и зеленило“- Скопје, заведено во Јавното претпријатие под бр.03-222/3 на 27.02.2017 година, со кое побарал да му се достави фотокопија од следните информации:
„1. Доставете ми копија од вашата пријава бр.03-2616/2 од 30.12.2016 година до Полициската станица Карпош;
2.Опишете што има преземено ЈП “Паркови и зеленило“ по предметот 03-2616 од 2016 г. по добивањето на дописот бр.28.7.1.7-439 од 08.02.2017 од МВР -Полициска станица Карпош? Во архивата на ЈП “Паркови и зеленило“ тој допис се води под бр.03-229/1 од 15.02.2017;
3.Дали ЈП “Паркови и зеленило“ некогаш го известило Град Скопје (или некоја друга надлежна институција) за своите проблеми во спроведувањето на заштитата на Парк-шума Водно и од потребата тука нешто да се промени? Доколку да, доставете ми копија од последните 3 такви обраќања (сеедно дали до Град Скопје или до друга институција)“.
ЈП “Паркови и зеленило“- Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-188 од 30.03.2017 година, ја препрати Жалбата до ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП “Паркови и зеленило“- Скопје на 12.04.2017 година до Комисијата достави допис “Известување по жалба“ бр.03-222/6 примено во Комисијата на 19.04.2017 година и заведено под бр.08-188, во кое е наведено: “Во врска со Жалбата бр.08-188 од 30.03.2017 г. од жалителот, Ве известуваме дека е постапено по барањето и на жалителот со допис бр.03-222/5 од 12.04.2017 година е одговорено по точките 1 и 2, а дека по точката 3 дополнително ќе го известиме“.
П.Б. од Скопје на 20.04.2017 година до Комисијата достави меил заведен под бр.08-188 во кој наведува дека: “Со овој допис ЈП“Паркови и зеленило“ одговори по 2 од моите 3 точки содржани во поднесокот од 27.02.2017 година. Воедно ме информираат дека за третата точка дополнително ќе добијам одговор. Кога ќе го добијам тој одговор ќе ја известам Комисијата.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈП “Паркови и зеленило“- Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно на барателот му ги доставило бараните информации под точка 1 и 2 по поднесувањето на Жалбата, додека информацијата наведена во точка 3 се уште не ја доставило.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.М., новинар од Телевизија Телма, поднесена против Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.М., новинар од Телевизија Телма, поднесена против Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1.Кои здруженија на граѓани и фондации добиле средства во 2013,2014 и 2015 година, по колку средства добиле и за кои проекти?;
2.Копии од договори, финансиски и наративни извештаи;
3.Оценки на постапка и резултати постигнати преку финансиски и наративни извештаи;
4.Годишни извештаи за 2013,2014 и 2015 (со постигнати резулрати),
СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-171 на 20.03.2017 година, изјавена од А.М., новинар од Телевизија Телма, поднесена против Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.М., новинар од Телевизија Телма на 18.01.2017 година поднел усно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија заведено под бр.49-184/1, со кое побарал да му се достави фотокопија од следните информации:
1.Кои здруженија на граѓани и фондации добиле средства во 2013,2014 и 2015 година, по колку средства добиле и за кои проекти?;
2.Копии од договори, финансиски и наративни извештаи;
3.Оценки на постапка и резултати постигнати преку финансиски и наративни извештаи;
4.Годишни извештаи за 2013,2014 и 2015 (со постигнати резулрати).
Во врска со поднесеното Барање, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, на 18.01.2017 година донел Заклучок за прием на усно барање за пристап на информации од јавен карактер бр.49-184/2, во кој е наведено “До Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, А.М. од Скопје, новинар од ТВ Телма, поднесе усно барање за пристап на информации до јавен карактер, заведено под наш архивски број 49-18/1 од 18.01.2017 година…. Генералниот секретаријат во конкретниов случај изготви Заклучок за прием на усно барање за пристап на информации од јавен карактер согласно член 13 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…..Генералниот секретаријат по однос на предметното барање, постапката ја продолжува согласно член 13 став 5 односно натамошната постапка по усното барање продолжува како по писмено барање при што барателот ќе добие одговор во законски утврдените рокови.“
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-171 од 22.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Еколошкото здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против АД Електрани на Македонија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Еколошкото здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против АД Електрани на Македонија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали е изготвена Студија за снабдување со јаглен на ТЕ Осломеј за периодот до 2030 година и Стратешка оценка на влијание врз животната средина за истата?“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА АД Електрани на Македонија – Скопје да постапи по Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-192 на 03.04.2017 година, изјавена од Еколошкото здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје, поднесена против АД Електрани на Македонија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ АД Електрани на Македонија – Скопје да постапи по Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Како што се наведува во Жалбата, Еколошкото здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје на 21.12.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија – Сектор за енергетика, со кое побарало да му се достави по пошта или е-маил фотокопија од следната информација “:
„Дали е изготвена Студија за снабдување со јаглен на ТЕ Осломеј за периодот до 2030 година и Стратешка оценка на влијание врз животната средина за истата?“.
Министерството за економија на 13.02.2017 година до Еколошкото здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје доставило Известување бр.12-782/1 од 13.02.2017 година. Во Известувањето е наведено дека “…предметното барање е пратено на надлежност до АД ЕЛЕМ Скопје, како надлежен орган за изготвување на предметната студија и стратешка оценка“.
АД Електрани на Македонија – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-192 од 04.04.2017 година, ја препрати Жалбата до АД Електрани на Македонија – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
АД Електрани на Македонија – Скопје на 19.04.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-2229/1 од 18.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-192.
Во Одговорот е наведено: “…Имено, АД ЕЛЕМ – Скопје, изработи Физибилити студија за модернизација на РЕК Осломеј, која студија е со цел да се изнајде начин за продолжување на оперативниот век на РЕК Осломеј. Со предметната студија, воедно е изработена Студија за влијанието на проектот Модернизација на РЕК Осломеј врз животна средина. Физибилити студија за модернизација на термоелектричната централа опфаќа користење на увозен јаглен со висока калорична вредност и можност за користење на локалните јагленови резерви од рудникот Поповјани. Во АД ЕЛЕМ – Скопје е изработена и Квалитативна и Квантитативна анализа на снабдување на ТЕЦ Осломеј со гориво, ангажиран е и консултант за изработка на Анализа за снабдување на ТЕЦ Осломеј со природен гас и ревидент за ревизија на истите , согласно заклучоците на Влада од 24.03.2015 година. Студијата за модернизација на ТЕЦ Осломеј е доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање, во октомври 2015 година, а Јавна расправа на која се разгледуваше Студијата за оценка и влијанието на проектот “Модернизација на ТЕЦ Осломеј“ врз животна средина е одржана на 29.09.2016 година во Општина Кичево. Известувањето за соодветноста на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот _ Модернизација на Тец Осломеј во Општина Кичево, за потребите на инвеститорот АД Елем Скопје е објавено на 10.11.2016 година, додека Решението за издавање на согласност за спроведување на проектот е доставено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 21.12.2016 година“. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
На 24.04.2017 година Еколошкото здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје до Комисијата достави Произнесување по одговор на жалба, заведен во Комисијата под бр.08-192. Во Произнесувањето по одговор на жалба е наведено: “Имајќи го предвид одговорот на АД ЕЛЕМ Скопје и дописот од Министерство за економија Еколошко здружение на граѓани “Фронт 21/42“ Скопје ќе постапи согласно член 24 став (3) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека АД Електрани на Македонија – Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, во законски предвидениот рок. Во конкретниот случај барателот бара: Дали е изготвена Студија за снабдување со јаглен на ТЕЦ Осломеј за периодот до 2030 година и Стратешка оценка на влијание врз животната средина за истата, а не за Физибилити студија за модернизација на РЕК Осломеј како што одговорил АД Електрани на Македонија – Скопје.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.Ѓ. од Скопје, поднесена против Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Л.Ѓ. од Скопје, поднесена против Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Обрасци М-4 и М-8 за уплатени средства за пензиско осигурување на име на осигуреникот Л.Ѓ. со ЕМБГ … и со личен број … и тоа конкретно образците :
М-4 1982 со регистарски број …од 01.09 до 31.12 со работни часови 105
М-4 1982 со регистарски број … од 01.09 до 31.12 со работни часови 630
М-4 1983 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 1484
М-4 1983 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 707
М-4 1984 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 826
М-4 1984 со регистарски број … од 00.00 до 00.00 со работни часови 0
М-4 1984 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 1365
М-4 1984 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 0
М-4 1985 со регистарски број … од 01.01 до 31.03 со работни часови 133
М-4 1985 со регистарски број … од 01.01 до 31.03 со работни часови 406
М-4 1985 со регистарски број … од 01.04 до 31.12 со работни часови 1274
М-4 1985 со регистарски број … од 01.04 до 31.12 со работни часови 0378
М-4 1986 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2191
М-4 1987 со регистарски број … од 01.01 до 31.10 со работни часови 1372
М-4 1987 со регистарски број … од 01.01 до 31.10 со работни часови 455
М-4 1987 со регистарски број … од 01.11 до 31.12 со работни часови 364
М-8 1982 со регистарски број … од 01.01 до 31.10 со работни часови 1820
М-4 1988 со регистарски број … од 05.12 до 31.12 со работни часови 168
М-4 1989 со регистарски број … од 01.01 до 21.03 со работни часови 0
М-4 1989 со регистарски број … од 22.03 до 31.12 со работни часови 1680
М-4 1989 со регистарски број … од 22.03 до 31.12 со работни часови 28
М-4 1990 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2142
М-4 1990 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 49
М-4 1991 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2177
М-4 1991 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 14
М-4 1992 со регистарски број … од 01.01 до 31.03 со работни часови 546
М-4 1992 со регистарски број … од 00.00 до 00.00
М-4 1992 со регистарски број … од 01.04 до 31.12 со работни часови 1652
М-4 1993 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 1827
М-4 1993 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 364
М-8 1994 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1995 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1996 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1996 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1997 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 1998 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 1999 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 2000 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 2001 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 2002 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-4 2003 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2024
М-4 2003 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 64
М-4 2004 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2096
М-4 2005 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 2006 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 2007 со регистарски број … од 01.01 до 31.08 со работни часови 1400
М-8 2007 со регистарски број … од 01.09 до 31.12 со работни часови 688
М-8 2008 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2096
М-4 2009 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2024
М-4 2009 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2064
М-4 2010 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-4 2011 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-4 2012 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080”, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-29 на 07.14.2017 година, изјавена од Л.Ѓ. од Скопје, поднесена против Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Л.Ѓ. од Скопје на 17.01.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, со кое побарала да и се достави по пошта препис од следната информација:
„Обрасци М-4 и М-8 за уплатени средства за пензиско осигурување на име на осигуреникот Л.Ѓ. со ЕМБГ … и со личен број … и тоа конкретно образците :
М-4 1982 со регистарски број … од 01.09 до 31.12 со работни часови 105
М-4 1982 со регистарски број … од 01.09 до 31.12 со работни часови 630
М-4 1983 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 1484
М-4 1983 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 707
М-4 1984 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 826
М-4 1984 со регистарски број … од 00.00 до 00.00 со работни часови 0
М-4 1984 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 1365
М-4 1984 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 0
М-4 1985 со регистарски број … од 01.01 до 31.03 со работни часови 133
М-4 1985 со регистарски број … од 01.01 до 31.03 со работни часови 406
М-4 1985 со регистарски број … од 01.04 до 31.12 со работни часови 1274
М-4 1985 со регистарски број … од 01.04 до 31.12 со работни часови 0378
М-4 1986 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2191
М-4 1987 со регистарски број … од 01.01 до 31.10 со работни часови 1372
М-4 1987 со регистарски број … од 01.01 до 31.10 со работни часови 455
М-4 1987 со регистарски број … од 01.11 до 31.12 со работни часови 364
М-8 1982 со регистарски број … од 01.01 до 31.10 со работни часови 1820
М-4 1988 со регистарски број … од 05.12 до 31.12 со работни часови 168
М-4 1989 со регистарски број … од 01.01 до 21.03 со работни часови 0
М-4 1989 со регистарски број … од 22.03 до 31.12 со работни часови 1680
М-4 1989 со регистарски број … од 22.03 до 31.12 со работни часови 28
М-4 1990 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2142
М-4 1990 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 49
М-4 1991 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2177
М-4 1991 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 14
М-4 1992 со регистарски број … од 01.01 до 31.03 со работни часови 546
М-4 1992 со регистарски број … од 00.00 до 00.00
М-4 1992 со регистарски број … од 01.04 до 31.12 со работни часови 1652
М-4 1993 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 1827
М-4 1993 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 364
М-8 1994 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1995 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1996 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1996 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1997 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 1998 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 1999 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 2000 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 2001 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 2002 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-4 2003 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2024
М-4 2003 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 64
М-4 2004 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2096
М-4 2005 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 2006 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 2007 со регистарски број … од 01.01 до 31.08 со работни часови 1400
М-8 2007 со регистарски број … од 01.09 до 31.12 со работни часови 688
М-8 2008 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2096
М-4 2009 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2024
М-4 2009 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2064
М-4 2010 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-4 2011 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-4 2012 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080“

Постапувајќи по наведеното Барање, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија до барателот доставил Решение бр.02-182/1 од 18.01.2017 година со кое го одбил барањето, со образложение дека се работи за информации согласно чл.6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволна од донесеното Решение, Л.Ѓ. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-29 од 03.02.2017 година, ја препрати Жалбата до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија на 16.02.2017 година до Комисијата достави Одговор по доставена жалба по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.02-182/6 од 13.02.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-29, во кој наведува: „…бидејќи е оценето дека се работи за информации согласно член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. Весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), односно за личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци….“.
Комисијата на 20.02.2017 година донесе Решение бр.08-29 со кое ја уважи Жалбата на Л.Ѓ. од Скопје и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија на 10.03.2017 година до Комисијата достави Известување бр.02-182/10 од 08.03.2017 година. Во Известувањето е наведено: “Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија Ве известува дека постапи по Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.08-29, донесено на 20.02.2017 година, доставено до Фондот на 22.02.2017 година.
На 16.03.2017 година Л.Ѓ. од Скопје до Комисијата достави Допис-Барање за поведување на прекршочна постапка, заведено во Комисијата под бр.08-29. Во Дописот Л.Ѓ. од Скопје ја известува Комисијата дека Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија не постапил согласно Решението на Комисијата бр.08-29 од 20.02.2017 година и не ја доставил бараната информација на начин и во форма наведени во Барањето.
Постапувајќи по наведениот допис од Л.Ѓ. од Скопје, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 16.03.2017 година до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија достави Ургенција бр.08-29 и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во рок од 7 дена да го спроведете Решението на Комисијата бр.08-29 од 20.02.2016 година.
Истиот ден на 16.03.2017 година Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер до Л.Ѓ. од Скопје достави Допис-Одговор на Барање за поведување прекршочна постапка, заведен под бр.08-29.
На 17.03.2017 година Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија до Комисијата достави Известување бр.02-182/14 од 17.03.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-29. Во Известувањето е наведено: “Во врска со Вашата Ургенција бр.08-29 од 16.03.2017 година, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Ве известува дека ги достави бараните податоци за стажот на осигурување и платите за барателот Л.Ѓ. во форма во која Фондот ги поседува истите, согласно член 212 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување…“.
На 24.03.2017 година Л.Ѓ. од Скопје повторно поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, со кое повторно ја побарала истата информација односно побарала да и се достави по пошта препис од :
„Обрасци М-4 и М-8 за уплатени средства за пензиско осигурување на име на осигуреникот Л.Ѓ. со ЕМБГ … и со личен број … и тоа конкретно образците :
М-4 1982 со регистарски број … од 01.09 до 31.12 со работни часови 105
М-4 1982 со регистарски број … од 01.09 до 31.12 со работни часови 630
М-4 1983 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 1484
М-4 1983 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 707
М-4 1984 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 826
М-4 1984 со регистарски број … од 00.00 до 00.00 со работни часови 0
М-4 1984 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 1365
М-4 1984 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 0
М-4 1985 со регистарски број … од 01.01 до 31.03 со работни часови 133
М-4 1985 со регистарски број … од 01.01 до 31.03 со работни часови 406
М-4 1985 со регистарски број … од 01.04 до 31.12 со работни часови 1274
М-4 1985 со регистарски број … од 01.04 до 31.12 со работни часови 0378
М-4 1986 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2191
М-4 1987 со регистарски број … од 01.01 до 31.10 со работни часови 1372
М-4 1987 со регистарски број … од 01.01 до 31.10 со работни часови 455
М-4 1987 со регистарски број … од 01.11 до 31.12 со работни часови 364
М-8 1982 со регистарски број … од 01.01 до 31.10 со работни часови 1820
М-4 1988 со регистарски број … од 05.12 до 31.12 со работни часови 168
М-4 1989 со регистарски број … од 01.01 до 21.03 со работни часови 0
М-4 1989 со регистарски број … од 22.03 до 31.12 со работни часови 1680
М-4 1989 со регистарски број … од 22.03 до 31.12 со работни часови 28
М-4 1990 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2142
М-4 1990 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 49
М-4 1991 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2177
М-4 1991 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 14
М-4 1992 со регистарски број … од 01.01 до 31.03 со работни часови 546
М-4 1992 со регистарски број … од 00.00 до 00.00
М-4 1992 со регистарски број … од 01.04 до 31.12 со работни часови 1652
М-4 1993 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 1827
М-4 1993 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 364
М-8 1994 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1995 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1996 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1996 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 1997 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 1998 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 1999 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 2000 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 2001 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-8 2002 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-4 2003 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2024
М-4 2003 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 64
М-4 2004 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2096
М-4 2005 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 2006 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-8 2007 со регистарски број … од 01.01 до 31.08 со работни часови 1400
М-8 2007 со регистарски број … од 01.09 до 31.12 со работни часови 688
М-8 2008 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2096
М-4 2009 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2024
М-4 2009 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2064
М-4 2010 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2088
М-4 2011 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080
М-4 2012 со регистарски број … од 01.01 до 31.12 со работни часови 2080“

Постапувајќи по наведеното Барање, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија до барателот доставил Одговор бр.02-182/16 од 30.03.2017 година. Во Одговорот Фондот покрај другото наведува “…Фондот за период од 01.01.2006 година натаму, согласно законските прописи, податоците за стаж и плата ги добива по електронски пат и не ги поседува во хартиена форма. Поради овие причини, податоците за овој период Ви беа доставени како информација, која Фондот ја има во својата база на податоци. Истите податоци кои ги побарувавте се содржани во Прегледот на регистрирани податоци во матичната евиденција, кој не сакавте да го подигнете од шалтерите на Фондот“.
Незадоволна од добиениот Одговор, Л.Ѓ. од Скопје на 07.04.2017 година, до Комисијата поднесе Жалба, заведена во Комисијата под бр.08-29. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата, со допис бр.08-29 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија на 21.04.2017 година до Комисијата достави Известување бр.02-182/18 од 18.04.2017 година, а во Комисијата заведено под бр.08-29. Во Известувањето е наведено: “…Со допис бр.02-182/12 од 16.03.2017 година, Фондот ги достави бараните податоци за стажот на осигурување и платите за бараните години до странката и тоа по пошта со препорачано писмо со цел, да се обезбеди заштита и тајност на личните податоци, согласно Законот за заштита на личните податоци…..За податоците од 2006 до 2008 година, согласно Законот за измени и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Сл. Весник на РМ“ бр.85/03), како што ја известивме и странката, обврзниците се должни придонесот за пензиско и инвалидско осигурување да го пресметаат и уплатат месечно поединечно за секој осигуреник, по електронски пат, преку пријавата МППП. Во однос на податоците од 2009 до 2012 година, согласно членот 18 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Сл.Весник на РМ“ бр.142/08), обвзникот за пресметка и уплата на придонесот е должен пресметката да ја врши месечно поединечно за секој осигуреник и да ја достави до Управата за јавни приходи, по електронски пат. Податоците за претходно спомнатите и останатите години се внесени во базата на Фондот и се содржани во Прегледот на регистрирани податоци во матичната евиденција на фондот, кој со документ за лична идентификација се дава во шалтерите на Фондот. Согласно горе изнесеното, Фондот за период од 01.01.2006 година натаму, согласно законските прописи, податоците за стаж и плата ги добива по електронски пат и не ги поседува во хартиена форма. Поради овие причини, податоците за овој период на странката и беа доставени како информација, која Фондот ја има во својата база на податоци. Исто така на странката и беше укажано дека согласно членот 207 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Сл.весник на РМ“ бр.98/2012,……132/2016), може да побара Фондот да и издаде Уверение за податоците внесени во матичната евиденција, кое Уверение има карактер на јавна исправа“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер до барателот ги доставил бараните информации, во форма во која што ги има, а која, како што наведува, е согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против “Македонски Телеком“ – АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против “Македонски Телеком“ – АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку лица биле редовно вработени на неопределено време во друштвото секоја година 2006 до 2016 година, а колку лица во наведениот десетгодишен период биле ангажирани хонорарно, со договор на дело, или, пак, преку агенциите за привремени вработувања?“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА “Македонски Телеком“ – АД Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-200 на 07.04.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против “Македонски Телеком“ – АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ “Македонски Телеком“ – АД Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 24.02.2017 година по електронски пат поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до “Македонски Телеком“ – АД Скопје, со кое ја побарал следната информација:
„Колку лица биле редовно вработени на неопределено време во друштвото секоја година 2006 до 2016 година, а колку лица во наведениот десетгодишен период биле ангажирани хонорарно, со договор на дело, или, пак, преку агенциите за привремени вработувања?“
“Македонски Телеком“ – АД Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-200 од 10.04.2017 година, ја препрати Жалбата до “Македонски Телеком“ – АД Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
“Македонски Телеком“ – АД Скопје на 19.04.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-129633/2 од 18.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-200. Во Одговорот на жалба е наведено: “Бараните информации не се наоѓаат на Листата на информации од јавен карактер која е објавена на веб страницата на Македонски телеком: https://www.telekom.mk/sloboden-pristap-do-informacii-od-javen-karakter.nspx , па оттука истите не претставуваат информации од јавен карактер. …Остануваме на ставот дека Македонски Телеком треба да биде избришан од Листата на иматели на информации од јавен карактер, бидејќи согласно дефиницијата во член 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, иматели на информации од јавен карактер не се правните лица кои вршат дејност од јавен интерес“.
Во врска со наведеното Комисијата Ви укажува на следното:
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информација од јавен карактер е информација во било која форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.
Исклучоците од слободниот пристап до информации се наведени во членот 6 од горенаведениот Закон.
Одговорот на Македонски Телеком АД – Скопје дека бараните информации не се наоѓаат на Листата на информации од јавен карактер која е објавена на веб страницата на Македонски Телеком, па затоа истите не претставуваат информации од јавен карактер, не може да биде основ за Македонски Телеком АД – Скопје да не ја достави бараната информација до барателот.
Согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Имателите на информации се должни редовно да водат и да ја ажурираат листата на информации со кои тие располагаат и да ги објавуваат на начин достапен за јавноста (интернет страница, огласна табла и друго).“ Тоа значи дека листата на информации од јавен карактер е од променлив карактер.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ѓ. од Битола, поднесена против Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.Ѓ. од Битола, поднесена против Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Писмото испратено од Министерот О.С. за постапка до ОЈО – Битола преку СВР-Битола“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-197 на 07.04.2017 година, изјавена од Д.Ѓ. од Битола, поднесена против Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го утврди следното:
Д.Ѓ. од Битола, на 31.10.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола, заведено под бр.29-6245, со кое побарал препис по пошта од следната информација :
„Писмото испратено од Министерот О.С. за постапка до ОЈО – Битола преку СВР-Битола“
Постапувајќи по наведеното барање, Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола до Д.Ѓ. од Битола доставило Одговор заведен под Арх.бр. 29.2.3/6245; 29.2.3/3600; 29.4.4/807 од 22.11.2016 година.
Незадоволен од добиениот Одговор, Д.Ѓ. од Битола поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-197 од 07.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола, и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 19.04.2017 година Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола, до Комисијата достави Допис-Достава на списи во врска со Жалба рег.бр.16.1.2-544/1 од 12.04.2017 година, во кој е наведено: “ Во однос на горенаведениот Ваш акт примен во МВР 10.04.2017 година од кој се однесува на Жалба поднесена од Д.Г. од Битола, а во врска со барање „Писмото испратено од Министерот О.С. за постапка до ОЈО-битола преку СВР Битола“, примено на 31.10.2016 година во МВР-СВР Битола е одговорено во законски предвидениот рок. Односно на 22.11.2016 година со акт со регистарски број 29.2.3/6245; 29.2.3/3600; 29.4.4/807 од страна на Одделението за криминалистичко разузнавачка анализа при СВР Битола е доставен одговор до барателот кој Ви го доставуваме во прилог на овој акт“.
Во прилог го достави Одговорот на Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола заведен под Арх.бр. 29.2.3/6245; 29.2.3/3600; 29.4.4/807 од 22.11.2016 доставен до Д.Г. од Битола. Во Одговорот е наведено: “…Ве известуваме дека на 29.08.2016 год. веќе писмено сте известени дека претставува акт за меѓусебна комуникација на организационите единици во МВР, како таков не е достапен за странките, а во никој случај не може да претставува информација од јавен карактер“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавн карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола му укажува дека доколку смета дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер односно претставува исклучок од член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер требало да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение за причините поради кои барањето е одбиено и да го спроведе тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Битола е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.И. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.И. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Пратениот допис/и преку електронска пошта од АКН (најверојатно од .l.k.@katastar.gov.mk во периодот 24-26.03.2017) до проектниот лидер на меѓународниот проект BESTSDI проф.д-р Ж.Б. со барање за мое изземање од делегацијата при посетата на АКН на 28.03.2017.
2. Пратениот допис/и преку електронска пошта од АКН (најверојатно од l.k.@katastar.gov.mk во периодот 24-26.03.2017) до локалниот организатор на работилницата во Скопје во рамките на меѓународниот проект BESTSDI проф. д-р З.С. со барање за мое изземање од делегацијата при посетата на АКН на 28.03.2017.
3. Решение или друг вид на одлука, потпишано од Директорот на АКН или друго овластено лице за мое изземање од службен/и состанок/ци во АКН (доколку постои такво решение).
4. Решение или друг вид на одлука, потпишано од Директорот на АКН или друго овластено лице за мое прогласување за непожелна личност во АКН (доколку постои такво решение).
5. Решение и/или список на непожелни лица во АКН и лица кои треба да се изземат при организирање на службени состаноци во АКН (доколку постои такво решение и таков список)“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-196 на 06.04.2017 година, изјавена од Б.И. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.И. од Скопје, на 30.03.2017 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности, со кое побарал по е-маил да му се достави препис од следната информација:
„1.Пратениот допис/и преку електронска пошта од АКН (најверојатно од l.k.@katastar.gov.mk во периодот 24-26.03.2017) до проектниот лидер на меѓународниот проект BESTSDI проф.д-р Ж.Б. со барање за мое изземање од делегацијата при посетата на АКН на 28.03.2017.
2. Пратениот допис/и преку електронска пошта од АКН (најверојатно од l.k.@katastar.gov.mk во периодот 24-26.03.2017) до локалниот организатор на работилницата во Скопје во рамките на меѓународниот проект BESTSDI проф. д-р З.С. со барање за мое изземање од делегацијата при посетата на АКН на 28.03.2017.
3. Решение или друг вид на одлука, потпишано од Директорот на АКН или друго овластено лице за мое изземање од службен/и состанок/ци во АКН (доколку постои такво решение).
4. Решение или друг вид на одлука, потпишано од Директорот на АКН или друго овластено лице за мое прогласување за непожелна личност во АКН (доколку постои такво решение).
5. Решение и/или список на непожелни лица во АКН и лица кои треба да се изземат при организирање на службени состаноци во АКН (доколку постои такво решение и таков список)“.
Агенцијата за катастар на недвижности, на 06.04.2017 година, преку е-маил, доставила Одговор до Б.И. од Скопје. Во Одговорот е наведено „согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, потребно е барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер да го поднесете во писмена форма, своерачно потпишано насловено до Агенцијата за катастар на недвижности. Барањето можете да го поднесете лично во архивата на Агенцијата или по пошта на адреса ул.Трифун Хаџи Јанев бр.4. По Вашето Барање доставено по електронска пошта не може да се постапи со оглед на фактот што истото не содржи електронски потпис“.
Незадоволен од добиениот Одговор, Б.И. од Скопје на 06.04.2017 година, поднесе Жалба до Комисијат, заведена под бр.196. Во Жалбата покрај другото наведува , “На 06.04.2017 година, од електронска пошта ….добив одговор со кој се отфрла моето барање, без конкретно повикување на законските одредби, односно на членовите“.
Комисијата, со допис бр.08-196 од 07.04.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности на 19.04.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.0917-9015/2 од 13.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-196. Во Одговорот на жалба е наведено: „Ве известуваме дека во Деловодникот на Агенцијата за катастар на недвижности нема официјално заведено Барање за пристап до информации од јавен карактер со архивски број и датум од лицето Б.И….Во однос на евидентирањето на приемот на поднесоците согласно член 41 став (3) од Законот за општата управна постапка, при поднесување на електронски поднесок се применуваат одредбите од Законот за електронско управување…согласно член 21 од истиот Закон проверката на идентитетот на корисникот при поднесување на Барањето по електронски пат се врши согласно прописите за податоците во електронски облик и електронски потпис…согласно член 2 од Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, електронскиот потпис служи за утврдување на идентитетот на потписникот…во конкретниот случај точен е фактот дека лицето Б.И. има пополнето Барање за пристап до информации од јавен карактер на соодветен образец испратено по електронски пат…до службеното лице за посредување при давање на информации од јавен карактер во Агенцијата за катастар на недвижности, на што му е одговорено дека не може да се постапи по истото од причина што не содржи електронски потпис, а кој што е потребен заради утврдување на идентитеот на лицето“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на 06.04.2017 година, по електронски пат, го известила барателот дека не може да постапи по Барањето затоа што истото не содржи електронски потпис. Во Одговорот Агенцијата му укажува на барателот и на кој друг начин (покрај електронскиот) може да го достави Барањето. Исто така, во Одговорот наведува дека истиот е согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.
Во член 1 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е децидно наведено дека „правото за слободен пристап до информации од јавен карактер се остварува согласно овој, Законот за општата управна постапка и друг закон“.
Согласно член 12 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено, или во електронски запис“.
Според член 15 став 2 од истиот Закон „за поднесеното Барање…во електронска форма, се применуваат одредбите на овој и друг закон“.
Согласно член 41 став 3 од Законот за општата управна постапка „при поднесување електронски поднесок се применуваат одредбите од Законот за електронско управување“.
Во член 17 од Законот за електронско управување е наведено дека „…може да се поднесува барање во електронска форма, согласно со прописите за податоците во електронски облик и електронски потпис“.
Во конкретниот случај, Комисијата утврди дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер од Б.И. од Скопје, поднесено по електронски пат до Агенцијата за катастар на недвижности не е согласно горенаведените Закони.
Поради наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 точка 2 и 3 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ бр.124/2015) на седницата одржана на 25 април 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на информатичка опрема, со сукцесивна набавка Брод број 20/2016 да ни доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
– извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
– одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
– извештај од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-209 на 12.04.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 28.12.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје бр.0302-2467/1, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на информатичка опрема, со сукцесивна набавка Брод број 20/2016 да ни доставите:
– Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
– извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
– одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
извештај од спроведената е-аукција“
ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-209 од 12.04.2017 година, ја препрати Жалбата до ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 19.04.2017 година ЈП Паркови и зеленило Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-777/3 од 19.04.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-209. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
На 20.04.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје ги доставила бараните информации и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈП Паркови и зеленило Скопје постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.