Во рамките на воспоставената соработка и со поддршка на инструментот TAIEX на Европската Комисија, Агенцијата  за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер беше домаќин на дводевна работилница на тема: „Слободен пристап до информации од јавен карактер“. Работилницата се одржа онлајн на платформата ZOOM и во нејзината работа партиципираа 40-тина службени лица кај имателите на информации, претставници на граѓанските организации и на медиумите, како и  вработени во Агенцијата. Притоа, свои искуства пренесоа експертите  од Хрватска, Словенија и Бугарија: д-р Анамарија Муса, вонреден професор на Правниот факултет при  Универзитетот во Загреб, Анже Новак, советник за превенција, Комесар за информации на Република Словенија и Александар Кашумов, клучен експерт за слободен пристап до информации од јавен карактер на проект финансиран од ИПА2 „Промовирање на транспарентност и отчетност во јавната администрација“ (ProTracco), Северна Македонија, Раководител на правен тим за програма за пристап до информации. За македонските искуства и пракса говореа директорот на Агенцијата, Пламенка Бојчева и Макфирете Морина Сулејмани. Целта на работилницата беше да обезбеди размена на искуства и пракси во постапувањето по добиените барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, од што да се раководат при спроведувањето, односно примената на тестот на штетност и како правилно да ги третираат исклучоците од Законот, како можни решенија за надминување на проблеми кои се јавуваат од примената на Законот.